СО ПРОМЕНА НА УРБАНИСТИЧКИТЕ ПЛАНОВИ ПРЕКУ НОЌ

Катните гаражи станаа деловни центри

Во градежните планови на објектите подземниот простор и приземјето се водат како паркинг, а преостанатите пет-шест ката се наменети за деловен простор


Инвеститорите немаат интерес да градат само катна гаража

Скопјани десетина години чекаа да се изградат катни гаражи, а сега откога почна изградбата на две, станува јасно дека на тие места, всушност, се градат административни и деловни центри. Во градежните планови на објектите, подземниот простор и приземјето се водат како паркинг, а останатите пет-шест ката се наменети за деловен простор. Едниот ваков објект се гради до „Рамстор“, а друг во Капиштец. Во двата случаја се работи за отуѓено државно земјиште кое со години зјаеше празно.Намената на маркичките за локациите не се спорни, бидејќи тие се зацртани во урбанистичките планови на Општината Центар. Прашањето е зошто и како се менувале плановите по неколку пати за да се дојде до оваа намена на објектите, Вчера не можеше да се добие одговор од Општина Центар бидејќи администрацијата остана недостапна.

Министерството за транспорт и врски, кое ги продаваше локациите, се оградува од состојбата на терен.

- Ние ги продаваме локациите со намена каква што е зацртана во урбанистичките планови. Немаме обврска потоа да надгледуваме дали инвеститорот навистина ќе изгради катна гаража. Доколку инвеститорот не е заинтересиран да гради катна гаража, бара од општината пренамена. Ако се договорат, а во општината има добра волја, тоа треба да го одобри и Советот на општината - велат во Министерството за транспорт и врски за ова прашање.Досега се продадени десетина државни локации за изградба на катни гаражи. Така гласеше намената во конкурсите кога земјиштата се огласуваа. Од информациите што и' се познати на јавноста продадени се локации до поликлиниката „Идадија“, кај Универзална сала, кај зградата на Синдикати на Македонија, на простор меѓу трговски центар „Плаза“ и „Лотарија на Македонија“, како и локацијата спроти хотелот „Холидеј ин“. Во Аеродром продадено е место за катна гаража кај трговскиот центар „Бисер“.Според архитектите, се менува намената на катна гаража во деловен центар бидејќи општинарите се договориле со инвеститорите да им излезат во пресрет за да остварат поголем профит.Инвеститорите немаат интерес да градат само катна гаража. Сакаат деловен простор, кој би го користеле за себе, но и за изнајмување. Сега секој менува план буквално преку ноќ, додека порано не беше така. Се почитуваа законите, односно планот да биде во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје - велат архитектите.Тие објаснуваат дека во Скопје нема голема потреба од градење катни гаражи.Катни гаражи се градат кога градот нема решение за градење подземни гаражи. Масивните објекти го задушуваат просторот. Во Скопје има можност за градење подземни гаражи, особено во реонот кај „Нова Македонија“. Таква гаража на пример има изградено „Рамстор“ - велат тие.

 
Пет министерства во зградата на НИП „Нова Македонија“

Пет министерства ќе го добијат најголемиот дел од деловниот простор во зградата на поранешното НИП „Нова Македонија“, реши Владата.Најмногу, вкупно девет ката, доби Министерството за образование и наука, кое целосно ќе се пресели во објектот чие реновирање е во завршна фаза. Таму, на располагање им е ставен просторот од седмиот до 15-тиот кат на зградата. Подрумот на објектот, инаку, ќе го делат Министерството за економија, кое таму ќе ги смести геолошките збирки и Државниот архив на Македонија за архивска граѓа. Приземјето, дел од подрумските простории и галеријата на зградата ќе ги користи Државната изборна комисија, заедно со Министерството за инфроматичко општество, кое ќе има простор и на вториот кат. На Јавното претпријатие за станбен и деловен простор му припадна првиот кат, заедно со Службата за општи и заеднички работи, која ќе има и други простории на приземјето и во подрумот. Министерството за локална самоуправа, пак, во иднина ќе биде на вториот кат од зградата, а на третиот Министерството за култура. На четвртиот кат ќе биде изграден посебен прес-центар на Македонската информативна агенција, а на два ката погоре ќе бидат Секретаријатот за законодавство и Комисијата за заштита на конкуренцијата.

 
ВО РЕОНСКИОТ ЦЕНТАР АЕРОДРОМ

Продадено земјиште за 875 милиони денари


Фирмата "Адора Инжинеринг" од Скопје е новиот сопственик на градежно земјиште со површина од 3.500 метри квадратни, кое се наоѓа во населбата Реонски центар Аеродром. На јавното наддавање, на кое учествуваа повеќе фирми и кое завчера се одржа во просториите на Министерството за транспорт и врски, таа имаше највисока понуда, односно земјиштето го купи за вкупно 875 милиони денари.
- Отуѓено е градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, со намена за изградба на станбено деловен објект. Локацијата на парцелата се наоѓа во општина Аеродром, поточно во Реонски центар Аеродром (Ново Лисиче). На јавното наддавање е постигната цена од 25.000 денари за метар квадратен или вкупно 875 милиони денари, потврдуваат и во Министерството за транспорт и врски.
Инаку, почетната цена за метар квадратен за ова земјиште беше 6 000 денари. Согласно Деталниот урбанистички план "Реонски центар Аеродром", градежната парцела е 3.500 метри квадратни, површината за градење изнесува 1048 метри квадратни, а висината до венец на објектот е 21 метар.
Од Министерството за транспорт и врски, потенцираат дека фирмата "Адора инжинеринг" треба во рок од две години да го изгради станбено деловниот објект. Ако не се испочитува рокот, земјиштето ќе биде вратено во сопственост на Република Македонија.

 
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА ГО РЕКОНСТРУИРА ГРАДСКИОТ ПАРК
Травертин ќе го разубави грдиот влез

Ќе се реконструира осветлувањето, ќе се постави нова урбана опрема, ќе се уреди алејата околу споменикот на Гоце Делчев и ќе се санираат клупите за одмор околу фонтаната



Стариот и руиниран Градски парк ќе добие нов лик. Градежни работници веќе два дена работат на целосна реконструкција на партерот околу фонтаната Лотос и на влезот во паркот пред алејата на споменикот на Гоце Делчев. За уредувањето, Град Скопје ќе издвои околу три милиони денари.
- На површина од 2800 метри квадратни ќе се отстранат искршените плочи и на нивно место ќе се постават нови травертински плочки. Истовремено ќе се изврши реконструкција на осветлувањето, ќе инсталираме нова урбана опрема, ќе ја уредиме алејата, а ќе ги санираме и клупите за одмор околу фонтаната - информираше Љупчо Пандиловски, одговорен во Одделението за односи со јавност на Град Скопје.
Скопјани се задоволни што по неколку години ветување почна уредувањето на нивното омилено место за одмор и рекреација.
- Паркот изгледа многу грдо, а наедно и многу тажно. Обезглавени споменици, искршени клупи и корпи за отпадоци... а влезот од Илинденска, скалите кон споменикот Гоце Делчев и чкртаниците на него, срамота! Видете колку пешачки патеки се оставени без асфалт. Убаво што почнаа ама, заедно со ова треба да се преземат мерки и за спречување на дивеењата што редовно се случуваат во ноќните часови - вели пензионерката Ратка Спировска, која живее во близина. И стариот маџирмаалец, чичко Ванчо, секој слободен момент го користи за прошетка и одмор во паркот.
- Јас имам фотографија од 50-тите години кога го поставуваа споменикот, да видите како тогаш изгледаше. Шаренило од цвеќе, негувана трева, мали но, уредени патеки. Ова сега е ругло" - вели тој.
Градските власти најавуваат дека ќе ги избришат и недоличните графити на спомениците, а ги чекаат измените на неколкуте најавени закони за комунален ред за да воведат нови, урбани норми на однесување на јавните површини. Сметаат дека предвидените санкции и казни ќе придонесат за воспоставување на нов куќен ред. Со реконструкцијата на влезот, почнува првата фаза од проектот за комплетно уредување на целиот парк.

 
<< Старт < Претходна 1 2 3 4 5 6 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 5 of 26
Добредојдовте на nedviznosti.info
nedviznosti.info е првиот интернет портал фокусиран во областа на недвижности во Македонија кој овозможува објавување на понуда и побарувачка на недвижности, пристап до најнови информации од оваа област и сето тоа бесплатно!Исто така на nedviznosti.info можете да најдете рубрика на мали огласи, директориум на фирми и компании од Македонија како и можност за видео објава и презентација на недвижности. Сите вести објавени на nedviznosti.info се превземаат од Македонските дневни весници.

Специјални Огласи

cИнавлидизирано лице од Скопје има потреба од сместување во стан или куќа со посебен пристап за лица со посебни потреби.

This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it

Жешка понуда

Се издава луксузно нам...
Опис: Се издава луксузно наместена куќа во населба козле 160м2, со огромна дневна(кожна гарнитура,плазма,парно,сателитска) кујна, три соби и две купатила ед...

Закупнина: 1000.00€
куќа во охрид
Опис: Се продава стара куќа со двор и доградба 161м2 (се заедно) во Охрид (Влашка Мала) на ул. Марко Нестороски до училиштето Христо Узунов во близина на но...

Цена: 40.00€
Prodavam vo Gorce Petr...
Опис:

Prodavam vo Gorce Petrov kuka,novogradba 300m2. Suteren so dukan,visoko prizemje i sprat. So sopstveno parno. Dvor od 300m2, odlicno ureden so gara...

Цена: 250000.00€

PRILEP , kujka se prod...
Опис: Se prodava kujka vo prilep , naselba Rid na ul. Gjorgi Dimitrov . kujkata e na dva sprata po 80m2 , dujkan posebno od kujkata od 20m2 i dvorno mesto o...

Цена: 0.00€
Продавам стан во Аерод...
Опис:

Цена: 77000.00€
Издавам Дуќан во Приле...
Опис:

Се издава дуќан во Прилеп во Д.Наредникот ,веднаш карши 4-Јули погоден за ординација,аптека,канцеларии и секаков вид на деловен простор.Веднаш все...

Закупнина: 170.00€

Издавам магацин на ква...
Опис:

ФИРМА издава дуќан на кванташки со ХТП,опремен и наместен за трговија на прехрамбени производи :
Цена: 0.00€

ПРОДАВАМ СТАН ВО ДЕБАР...
Опис: ПРОДАВАМ СТАН ВО ДЕБАР МААЛО, ОД 140М2 ТРИПЛЕКС (3,4 И 5 СПРАТ), СО ВНАТРЕШНИ СКАЛИ, 5 БАЛКОНИ(СО ПОГЛЕД НА ВОДНО И ГРАДСКИ ПАРК), 3 СПАЛНИ СОБИ, 2 КУ...

Цена: 161000.00€
Yahoo! Weather - Skopje, MK
Yahoo! Weather for Skopje, MK
Yahoo! Weather
s

tooltip
Закупнина
-  €
Цена
-  €

Опширно пребарување
Износ на кредитот (Користи "." за децимали) Help
Времетраење години
Камата %
Месечна рата EUR

Видео Објава

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Анкета

Кој дел од Скопје е најсигурен за живеење?
 
apartmani
Изработка на мали дворни цркви

              071 400 583

htj

 

Invest in Macedonia
Invest in Macedonia
Katastar
avtopazar
agenti
iznajmuvaci
kupuvaci
sopstvenici